Покрај ветото од Бугарија нас ни се најавува уште едно ново можно вето од страна на Холандија и некој други членки на Европска Унија токму за немањето на судски реформи, криминалот и корупцијата кои Холандија ги смета за многу сериозни“, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

Тој додаде дека нас од надвор никој нема да ни ги реши проблемите ако не си ги решиме самите.

„Никаков европски пат нас нема да ни ги реши проблемите ако ние сами не си ги решиме. Европскиот пат е само патоказ кој ги кажува кои се стандардите што една држава аспирант треба да ги исполни за да стане дел од Европската Унија“, вели Петрушевски.

Петрушевски посочи дека сите проблеми кои ги имаме во сите сегменти во општеството треба да ги решиме сами. Не може некој што е 7 години власт од уста да не ја вади ЕУ а да ни се таложат проблеми во сите сфери на општеството.

„Справувањето со овој криминал и корупција за кои критики доаѓаат од сите можни страни и наши партнери вклучувајќи и ги и граѓаните во Република Македонија, нема да ни ги реши со промена на Уставот. Економската девастација, сиромаштијата на граѓаните кои не можат да врзат крај со крај нема да се надмине доколку го смениме Уставот и продолжиме преговори“, кажа Петрушевски.

Петрушевски е дециден дека министерот за правда наместо да се занимава со технички прашања треба да се зафати силно во делот од она што од нас го очекува меѓународната заедница а тоа е реформа на уништениот правосуден систем.

„Сето ова е еден фолклор кој во Република Македонија се случува изминатите години. Немајќи што да покаже министерот за правда од Алијанса за Албанците во делот на правосудниот систем , реформите и што сработил тој се занимава со национални романтичарски теми мислејќи дека на тој начин ќе добие гласови“, истакна Петрушевски.