Кога станува збор за тендери, набавки, менување на ДУП-ови, криминал или корупција, СДС и ДУИ не мируваат ниту еден ден, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

-На само ден по составување на Владата во 2020 година, власта на СДС и ДУИ во Тетово донесе нов ДУП поради бизнис интересите на Дака кои Заев му ги ветил. СДС и ДУИ за лични бизнис интереси, го дадоа просторот на ШИК Јелак во Тетово на фирмата „Јелак Градба“ во сопственост на Дака, за тој таму да гради над 2.000 станбени единици, со тогашна вредност од над 200 милиони евра. СДС и ДУИ за да можат да лапнат што повеќе од колачот, овозможија на прорускиот бизнисмен и човек на црната листа, Миодраг Давидовиќ Дака да гради бетонска џунгла во Тетово. ЈО никогаш не го истражи овој случај, а и случајот за тоа каде завршиле тие 300.000 евра кои Дака вели дека му ги дал на Заев, преку Кичеец, истакна Петрушевски.

Го повикуваме ЈО да ги истражи овие случаи, затоа што каде има чад има и оган, а каде го има СДС, има и криминал, додава Петрушевски.