Ѕвездата на Барселона Џерард Пике би можел да оди на отслужување затворска казна, затоа што го прекршил законот и возел автомобил без дозвола.
Шпанскиот закон предвидува секој возач кога ќе почне да вози да има 12 поени, кои му се одземаат ако прави прекршоци. А Пике ги имал доста, па во моментите кога полицијата го запрела во исправите пишувало 0 поени.
Искусниот дефанзивец не можел да се „провлече“, па му следи казна од 6.000 евра и шест месеци затвор. Но, со оглед на тоа дека се работи за популарна личност, најверојатно тој ќе помине со условна кзна.
Меѓутоа, никогаш не се знае кога шпанските власти ќе одлучат да стават крај на арогантноста на фудбалерите, затоа што познати се случаите со Роналдо, Меси и даноците.