Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изрази огромно задоволство од играчите по победата од 3:1 над Селтик во големото дерби од првото коло од групната фаза во Лигата на Европа.
„Росонерите“ триумфираа како гостин во Глазгов и веќе немаат пораз на 21 натпревар на сите турнири.
– Го контролиравме натпреварот поради нашиот карактер и квалитети. Во второто полувреме започнавме да правиме повеќе технички грешки, што му дозволи на противникот повеќе да се заканува. Беше важно да покажеме дека не сме обичен тим. Обична екипа ќе игра со помалку посветеност по неверојатната победа во миланското дерби, но покажавме дека мислиме натпревар за натпревар и секогаш излегуваме на победа, изјави Пиоли.