Најавуваа дека „во Македонија има 100.000 Бугари“, а на вчерашните се уште актуелните премиер и вицепремиер на Бугарија, Бојко Борисов и Красимир Каракачанов добија вкупно 326 гласови.
Имено, според гласовите на бугарските државјани што живеат во Република Македонија, победник на парламентарните избори во Бугарија кои се одржаа вчера, е Красимир Каракачанов.
Од 510 граѓани кои гласале, 216 гласале за ВМРО-БНД на Каракачанов, а 110 за ГЕРБ, партијата на Борисов.
Партијата на Каракачанов не освои доволно гласови и не го мина законскиот праг за да има свои пратеници во идниот Парламент на Бугарија.