Македонците од Пиринска Македонија денеска со писмо се обратија до Владата на Република Македонија од која бараат да се олесни процедурата за добивање македонско државјанство за етничките Македонци кои живеат во Бугарија.
Во продолжение целата објава:
До Влада на Р. Македонија
Почитувани ,
Илјадници етнички Македонци и Македонки од Пиринска Македонија и од Бугарија имаат желба да добиjат македонски пасош.
Да си Македонец е чест , гордост и достоинство.
Олеснете jа процедурата за добивање на македонско државjaнство и македонски пасоши за Македонците и Македонките од Пиринскиот дел на Македонија и от Бугарија
Со почит
Атанас Кирјаков – Претседател на Градскиот Комитет на ОМО ,, Илинден ,, – Благоевград – стои во писмото.