Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, на која и посака успех во новата мисија.

Соработката меѓу двете земји, евроинтеграциите, уставните измени и реформите, политичката состојба во земјата и регионот, како и процесот на ветинг беа само неколку теми на кои разговараа Ахмети и Агелер.

Ахмети изрази надеж дека враќањето на амбасадорката Агелер и нејзините познавања за земјата и околностите ќе придонесе за унапредување на билатералните односи и уште поголемо зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Ахмети изрази благодарност за американската помош во процесот на реформите и евроинтеграциите.

Целосната интеграција на нашата земја и на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на регионот.

На средбата Ахмети и Агелер разговараа за потребата од усвојување на уставните измени како услов за продолжување на европскиот пат, поради што било оценето дека сите политички сили во државата треба да рефлектираат и да не ја држат во заложништво иднината на државата и нејзините граѓани.

Ахмети исто така го потенцираше процесот на ветинг како неопходен поради фактот што тој ќе биде најдобра форма за кредибилитетот на личностите во сите сфери, од политиката до обвинителството и судството, како форма на контрола пред тие да бидат избрани на одредени позиции.

Ахмети изрази благодарност за значителната улога на САД во земјата и регионот, како и дека тој и ДУИ се партнери и целосно достапни за прогресивната проевропска агенда, владеењето на правото, реформите и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Демократската унија за интеграција