Од Европската комисија бараат сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат процесот, одговориле во ЕК на прашањето за изјавите на бугарскиот претседател пред пописот во Македонија, јави МИА од Брисел.
Македонската влада и македонскиот претседател обвинија за неоправдани притисоци од страна на иницијативата на бугарскиот претседател Румен Радев да свика состанок на безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во Македонија непосредно пред пописот.
Од Европската комисија ја охрабруваат С. Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи, вели портпаролката Ана Писонеро.
-С. Македонија се охрабрува да спроведе попис во согласност со европските стандарди и регулативите на ЕУ како дел од претпристапните подготовки и Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите кои придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин, изјави Писонеро за МИА.