Германската војска (Бундесвер) се соочува со сериозен скандал по покренувањето истраги за сексуално вознемирување, десничарски екстремизам и употреба на дрога во елитната 26-та падобранска регeмента, стационирана во Цвајбрикен.

Обвинителството истражува повеќе од десет пријави против припадници на оваа единица, вклучувајќи истакнување нацистички симболи, користење илегални супстанции и тешки прекршувања на воената дисциплина. Скандалот доаѓа во чувствителен момент, паралелно со воведувањето на доброволното служење воен рок, што е клучен дел од планот за зајакнување на германските вооружени сили.

Министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека е „шокиран“ од откритијата, нагласувајќи дека таквото однесување директно ги крши темелните вредности на Бундесверот. Според медиумските извештаи, војниците се товарат за нацистички поздрави, сексуално вознемирување на колешки, закани со силување и насилство врз подредените.

Командантот на единицата, полковник Оливер Хенкел, е суспендиран од должноста, иако негира поврзаност со аферата. Досега се проверени 55 осомничени, тројца војници се отпуштени, а против 19 е покрената дисциплинска постапка. Шеснаесет случаи се предадени на Обвинителството.

Властите најавија посебен „акциски план“ за падобранските сили, со порака дека во германската војска нема место за насилство, сексизам и екстремизам.

фото: архива