Широката сцена во ширина е опфатена од една точка на набљудување. Средишната личност, Јован Крстител, речиси е скриен – како што често се случува во маниризмот и посебно кај Бројгел – во средишниот појас, иако кон него се свртени мнозинството од присутните.
Уште потешко го здогледуваме Исус, иако Јован покажува со прстот кон него, но луѓето очигледно не го гледаат.
Во контраст со овие традиционално претставени и помалку нереални суштества, се наоѓа маса на народ која сликарот грижливо и реалистично ја прикажал.
Секојдневните лица кои ги распознаваме, откриваат различен степен на нивна заинтересираност и отсутност.
Бројгел секогаш ги претставувал луѓето како типови. Знаел пластично да ги прикаже нивните карактеристики дури и тогаш кога лицата им се покриени или се со грб свртени кон набљудувачот.
Ако некој се појави некаде во помодна облека, со карактеристични црти, историчарите на уметноста се обидувале што поскоро да го идентификуваат. Така, на пример, во човекот кому Ром му гледа на дланка, Терлинден го препознал трговецот Франкерт, пријател на уметникот, додека лицето со мустаќи над гледачот, ставено во рамка на грбовите на двајца љубопитни, го претставува, според Толнеј, самиот сликар.
Проповедта на Јован Крстител сликана е претходно како позадина на Христовото кршетвање. Кај Бројгел и кај другите холандски сликари од тоа време (кога проповедите на отворено биле нормална појава) таа претставува главна содржина на сликата.
Хриството крштевање го забележуваме дури кога сликата ќе ја погледаме одблиску: на кривината на реката која се извива низ чудесно составениот пејсаж, се наоѓа мал мотив на крштевање со мноштво набљудувачи на брегот.
Бројгеловата оригиналност не се искажува само во споредба со италијанските уметници кои тогаш на „северните“ им служеле за пример, туку и со современите холандски сликари.
Неговиот мудро скептичнен, на крајта и помалку длабоко песимистички поглед на светот (земјата е секогаш убава, но луѓето се грди, глупави и јадни) целосно го одвојува од другите. По таа негова осаменост можме да го споредиме и со уште еден гениј од југот – Микеланѓело.
Сликата се наоѓа во Музејот во Будимпешта. Станува збор за масло на даска 90х160,5 см.