Закинтос ги загуби сините знамиња за своите плажи, кои инаку се синоним за вода за капење од прва категорија.

Веста за одземање на сините знамиња од Хеленското здружение за заштита на природата е донесена по поплаки и се третира како тежок удар за тој остров, популарно туристичко место.

Проблемот настанал откако се испратени поплаки околу третманот на отпадните води кои влегуваат во реката Св. Харалмпие, но и генерално во планирањето на биолошкото чистење.

Островот Закинтос, инаку добитник на 18 награди за најдобри и најчисти плажи, сега ќе биде под посебен режим во период од две години за повторно да ги добие сините знаменца.

Од друга страна, годинава се истакнува и проблемот со ѓубре по улиците како и немање спасители на плажите.