Пејачот Влатко Илиевски кој на 6 јули беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта, пишува порталот Досие.

Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.

Резултатите се испратени до обвинителството.