Пратеникот Ненад Коциќ од СДСМ од Велес за шест месеци, односно од септември 2021 година до февруари 2022 година наплатил 60.536 денари за патни трошоци, покрај месечната плата што изнесува околу 100.000 денари, соопшти огранокот на опозициската партија Левица.

– Коциќ заедно со пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против предложени измени во Законот за јавни патишта односно намалување на цената на патарините за 50 отсто, како и воведување на апанажа за работниците кои беа предложени од пратениците на Левица. Ние прашуваме, дали пратеникот Коциќ при плата од околу 100.000 денари, трошоците за превоз до Скопје, ќе почне да си ги плаќа или ќе продолжи да користи патни трошоци како досега, на грбот на народот? Ние се залагаме за патни трошоци во износ од месечна автобуска карта за да не се продолжи злоупотребата на народните пари од страна на ненародните пратеници, се вели во реакцијата на Левица објавена на нивниот официјален профил на Фејсбук.