Скопјанец со месечна бруто плата од над 165.000 евра од тутунската индустрија е најплатениот вработен во Македонија со годишна заработувачка од околу 2.000.000 евра.
Овие податоци на УЈП се за највисоките примања во 2021 та година.
Најбогатиот граѓанин, кој покрај плата има и дополнителни примања од странство, месечно живеее со 328.225 евра. Високи плати земаат и вработените во болниците, фармацијата, одгледувањето свињи, металската индустрија, управувачките дејности и програмирањето.
Велешанец заработил над 3,3 милиони евра од дивиденда, додека скопјанец од продажба на сопственички удел 2.000.000 евра. Највисокиот годишен бруто приход од самостојно вршење дејност изнесува над 1,6 милиони евра.