Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска по средбата со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ оцени дека отворените прашања меѓу двете земји треба да се решаваат со дијалог.

– Во дијалогот треба да продолжиме да ги решаваме отворените прашања и да ја подобруваме економската, транспортната и енергетската соработка. Се грижиме за заштита на хрватското малцинство во Србија, како и на Србите во Хрватска, напиша Пленковиќ на Твитер.

Премиерот на Хрватска денеска во Загреб ја прими премиерката на Србија која допатува на Големото собрание на Српскиот национален совет.

Предвидено е пред учесниците на состанокот да се обратат премиерите на двете земји.