Скопје – Шкендија 1:3 е исходот од денешниот меч на Автокоманда во рамките на 10.коло.

Красниќи и Димоски до 9.минута “стрелаа“ за 0:2, Ангелов во финишот од првиот дел намали на 1:2, а Тамба во 52.минута погоди за 1:3 за да се покаже кој е кој во моментов во мак – фудбалот.

Гостите со “блиц-криг“ го шокираа домаќинот уште во 2. и 9.минута за 0:2 со головите на Красниќи и Димоски, на овој вториот ова ми беше прв негов гол во дресот на Шкендија. Гостите имаа шанси и за 0:3, ама на пауза се замина со 1:2 откако Ангелов во 45.минута успеа убаво да се снајде пред голот на Гаје.

Во второто полувреме Шкендија одново тргна силовито, а таа офанзива вроди со плод во 52.минута кога Тамба погоди за 1:3. Се чини дека тука беше решен победникот на оваа средба.

Во 73.минута откако еден домашен играч играше со рака, тоа беше пенал а Бесарт Ибраими не успеа да го реализира, искусниот офанзивец го промаши целиот гол.

На крај 1:3, седма победа за Шкендија, а Скопје и во 10 меч сезонава не знае за победа.

Силекс со 3-0 го освои Куманово во натпревар на кој успее да наметне свој ритам во двете полувремиња и конечно ги израдува своите фанови.

Шеро го отвори резултатот во 13. минута, Ефтимов во 48. минута зголеми на 0:2, додека Башкими во 77. минута кратко се радуваше на погодок, кој беше поништен по ВАР проверката.

Точка на натпреварот стави Мишов во судиското надополнување, со што Силекс стигна до поубедлив триумф во Куманово.