Поранешниот фудбалер на Рома и репрезентацијата на Италија, Франческо Тоти, зборуваше за својот став кон модерниот фудбал.

-Во фудбалот што го познавав како навивач и играч, имаше повеќе љубов кон клупската униформа, лојалност и чувство на идентитет. Сега е повеќе бизнис. Фудбалот стана помалку технички, а повеќе физички. Денес, колку и да е тажно да се признае, тешко е да се најде играч кој импресионира со своите технички квалитети. Играчите имаат сила, брзина и моќ, но имаат помалку талент и имагинација, изјави Тоти.

Целата своја кариера (1993-2017) Тоти ја помина во рома и покрај неколкуте примамливи понуди од врвни европски екипи.