По повеќедневни преговори и 15 кругови гласање републиканецот Кевин Мекарти синоќа е избран за претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес.
Мекарти беше избран откако попуштија републиканците блиски до поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кои ја блокираа номинацијата на Мекарти.
Таква ситуација последен пат се случи пред точно 100 години, кога беа потребни девет круга гласање за да се избере претседател на Долниот дом на Конгресот.
Според сегашната состојба, ова е најдолгиот процес на гласање за таа функција во последните 164 години, објавија синоќа американските медиуми.
Републиканската партија освои тесно мнозинство на парламентарните избори одржани во ноември минатата година.