Сите 41 градежен работник се ослободени по повеќе од две недели заробени во тунел во северна Индија.

Работниците беа заглавени во тунелот цели 17 дена, а властите пробуваа неколку начини за да ги извлечат.

Првиот беше да се пробие навнатре од влезот на тунелот низ остатоците. По неколку неуспеси, ова беше методот кој денес се покажа успешен . Се користеа т.н. „ рудари- стаорци“ кои рачно се пробиваа низ земјата, изфрлајќи ја земјата зад себе. Зад нив се поставуваа цевки за премин на заробените рудари.

Со планот Б дупчеше вертикално низ ридот над тунелот. Но, оваа идеја зависеше од тоа дали спасувачите ќе можат да дупчат 86 метри за да стигнат до работниците. До понеделникот наутро, тие успеаја да ископаат 31 м. Спасувачите пресметале дека со овој метод ќе стигнат до работниците за четири дена, доколку не наидат на препреки.

Инаку, официјалните лица размислувале за дупчење на нормална патека до главната спасувачка рута за да стигнат до заробените мажи. За ова беа донесени специјални машини на локацијата , ни тие се расипаа при пробивот.