Американски воен авион „Оспри“ (Osprey) се урна во океан во близина на јапонскиот остров Јакушима, соопшти јапонската крајбрежна стража.

Во авионот имало осум лица и засега нема информации за нивната состојба.

Несреќата се случила околу 14:47 часот по локално време. Локалните жители пријавиле дека пламен се гледал на левиот мотор на авионот пред да падне во океанот.

Јакушима е еден од островите на архипелагот Охсуми во јапонската префектура Кагошима.

фото: МИА архива