Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми е уште еден од предлозите за членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, иако нејзината снаа е на обука во оваа институција.
Адеми ја потврдува информацијата за порталот А1он и посочува дека била едногласно поддржана од судиите да биде кандидат.
Со тоа, Адеми е во иста ситуација како и шефот на ОЈО-ГОКК, Ислам Абази, кој беше кандидат за Управниот одбор во Академијата, каде пак, обука посетува неговата сопруга. Тој по критиките од јавноста и укажувањето дека може да влијае, се откажа од местото во одборот.
Ако врховната судијка Адеми биде избрана за член на Управен одбор на Академијата, ќе одлучува дали снаата ќе стане судија или јавен обвинител.
Според Законот за Академија на судии и јавни обвинители, Управниот одбор носи одлуки за кандидати, меѓу кои се роднините на обвинителот и судијката. Тоа би значело дека може да постои конфликт на интереси, но и можност за влијание.
Целиот текст во А1он.