Кевин О Конор, лекар на претседателот на САД, Џо Бајден, во меморандум до Белата куќа (Си-Ен-Ен, ЦНБС)

Имајќи го в предвид потенцијалот на Ковид за т.н. враќање кај мал број на апциенти третирани со „Паксловид“ (новиот лек на Фајзер за Ковид, н.з.), претседателот го интензивираше тестирањето, со цел да ги заштити луѓето околу себе, но и за да овозможи рано детектирање на вирусот и да се спречи неговата репликација.

Откако беше негативен на тестовите во вторниот, средата, четвртокот и петокот, претседателот се тестираше со антиген тест во саботата и тестот беше позитивен.

Претседателот нема симптоми и се чувствува добро. Засега нема потреба од било каков третман, но опсервацијата ќе продолжи.

Во секој случај, тој ќе биде во изолација, а останува посветен на тоа да го зашитити секој од персоналот кој има потреба за контакт со него.

Како што ветив, ќе продлжам да ве информирам за секоја промена.