По Германија, попшисот го одложија и Шкотска и Иркса поради пандемијата со корона вирусот САРС КОВ 2. Додека светот не размислува многу околу тоа, Заев и денеска изјави дека пописот ни е насушна потреба иако е јасно дека многу граѓани нема да ги примат во својот дом попишувачите сеедно каква заштита ќе носат тие. Малку кој ќе сака да ризикува луѓе кои во тој ден влегле во десетици домови, да ги пуштат и во својот.

Друг е проблемот за начинот на кој ќе се спроведува пописот кај нас.

-Заев повторно по навика се обидува да ја излаже македонската јавност дека законски ќе се спроведува пописот. Тој со своите експериментални политики кои ги спроведува на државно ниво, ја направи Македонија еден голем експеримент, во кој тој деспотски се однесува, со не прифаќањето на консензус од страна на сите  политички чинители во земјава, со одбивање на сите амандмани и со форсирање на свои правила. Политичкиот фалсификат е на повидок со овој попис, со кој власта форсира повторно своевиден инженеринг и затоа одбива методологијата за пописот да ја видат сите граѓани, како и истата да биде точно објаснета во законот за попис, велат за ова од ВМРО-ДПМНЕ каде сите главни забелешки им се однесуваат на можноста овој попис да биде спроведен со занемарување на причините поради кои минатиот беше прекинат, а кога луѓе беа попишувани и по скајп, иако не ги исплонуваа условите да бидат впишани во пописните документи.

Нејасно е зошто власта одбива пописот да биде извршен според европските стандарди, нејасно е и зошто Заев инсистира да се попишува нерезидентно население.

-Отисокот од прст е единствениот сигурен начин кој ќе гарантира дека власта нема да го фалсификува пописот. Повикуваме власта да е разумна и да не си игра со бројките на население, затоа што истите се од суштинско значење за идниот развој на земјава, доплнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, ова е втиорт момент поради кој пописот не треба да се одржи. Првиот секако е фактот дека за да се спроведе попис во вашиот дом треба да дојде тим од тројца попишувачи. Кој е тој што ќе си дозволи да прими тројца странци дома, засега е нејасно.