Хрватска го одложи пописот кој требаше да започен е на 1 април поради корона вирусот, потврди за дел од хрватските медиуми – координаторот за попис во Централното биро за статистика Дамир Плесац.

Тој објаснува дека одложувањето е на неопределено време и неговото одржување ќе зависи од епидемиолошките мерки и од одлуките на владата и парламентот кои треба да го сменат законот за попис.

Претходно, Германија, Шкотска и Ирска го одложија пописот поради пандемијата.