По обидите да се обезбеди струја за слободниот пазар и постабилно снабдување на Македонија, покрај Бугарија и Грција, од Владата на Димитар Ковачевски бараат и од Турција, објави економскиот портал Фактор.
Министерот за економија Бектеши, директорот на МЕПСО Орхан Муртезани и на НЕР Бајрам Реџепи, до крајот на неделава ќе отпатуваат за Истанбул, на преговори со Боташ, државна компанија за пренос на гас.
За нецел месец од 15 октомври почнува грејната сезона, а сѐ уште е неизвесно дали ќе се набават потребните количини гас за топланите во Скопје.
Во Турција ќе се преговара и за набавка наструја, паралелно додека се уште траат преговорите со Бугарија. Наводно, барањето на македонската влада е еден мегавт да не чини повеќе од 180 евра.
Претходно Владата беше во посета и на Грција, каде се договори испорака на јаглен и мазут без ограничувања.