По двонеделна пауза поради мундијалските квалификации во кои избраниците на селекторот Благоја Милевски изборија место во баражот, денеска продолжуваат возбудувањата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Овој викенд на програмата се натпреварите од 14. коло, кое попладнево од 13 часот ќе биде отворено со дуелот меѓу градските ривали Скопје и Македонија ЃП.
Преостанатите пет натпревари се закажани за в недела со почеток од 13 часот, а се среќаваат Академија Пандев – Тиквеш, Борец – Ренова, Шкендија – Брегалница, Шкупи – Пелистер и Струга – Работнички.