Леброн Џејмс ја надмина повредата, но неговото враќање на теренот не му помогна на Лос Анџелес лејкерс да избегне пораз на гостувањето кај Бостон (130-108) во еден од деветте натпревари одиграни синоќа во НБА лигата.

Бостон до триумфот го предводеше Џејсон Тејтум, кој постигна 37 поени, додавајќи и 11 скокови. Џејмс натпреварот го заврши со 23 поени и шест скокови, а Ентони Дејвис зад своето име запиша 31 поени и 13 скокови.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петокот и сабота:

Феникс – Далас 112-104

Бостон – ЛА лејкерс 130-108

Бруклин – Орландо 115-113

Сакраменто – Торонто 89-108

Денвер – Чикаго 108-114

Милвоки – Оклахома 96-89

Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 94-81

Шарлот – Индијана 121-118

Детроит – Голден Стејт 102-105.