Mакедонски државјанин со сериозни здравствени проблеми беше превезен со полициски хеликоптер на МВР од Истанбул до Скопје по извршена операција.

Медицинскиот транспорт беше успешно извршен заедно со лекарите од болницата 8-ми Септември.

Медикоптерот веќе во неколку наврати се користи за транспорт на тешко болни пациенти, за лекување надвор од државата.