Се појавија најновите снимки од полицијата како апси едно лице, а се претпоставува дека е можно да се работи за еден од напаѓачите, кои околу 18:30 часот по средноевропско време ја нападнаа концертната сала „Крокус сити хол“.

Засега не се знае кој е одговорен за овој страшен напад.

Според извештаите, лица во маскирни униформи влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје. На социјалните мрежи се објавуваат видеа кои ги прикажуваат моментите на нападот, како во салата, така и во ходниците на салата.

Според ФСБ, над 40 лица загинале , а стотина се ранети во нападот, иако бројката може да биде поголема.

Да потсетиме, руските медиуми објавија дека најмалку три маскирани лица влегле во зградата и извршиле напад во кој според очевидци има десетици мртви и ранети. Според извештаите, лица во маскирни униформи, од кои најмалку тројца, влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје.