Во концертната сала Крокус Сити Хол на западот на Москва дошло до пукање, а се слушнале и две експлозии, по што дошло и до голем пожар, јавуваат светските агенции.

Според последните информации, во нападот загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети, соопшти руската тајна служба. Сепак, се стравува дека ќе има повеќе загинати и повредени бидејќи има повеќе луѓе во салата. Не се знае колку.

На социјалните мрежи може да се видат видеа од уривање на покривот на концертната сала.