Мажот кој вчера во новинската редакција, во американската држава Мериленд, уби 5 лица, бил во долгогодишен спор со членовите на уредништвото.
Полицискиот заповедник во тој округ, Вилијам Крамф, на прес-конференција рече дека меѓу жртвите е и помошникот на главниот уредник Роб Хејсен (59).
– Тоа бил напад со цел на „Капитол газет. Тоа лице било подготвено да убива луѓе. Неговата намера била да ги испотепа, рече Крамф.
Осомниченото лице, кое е во притвор, е 38-годишниот Џерод Рамос од Лорел, објави „Капитол газет“ и „Балтимор сан“, цитирајќи полициски извори.
Рамос во 2012 година поднел тужба за клевета против Ерик Хертлеј, поранешен колумнист, и Томас Маркард, тогашен уредник и издавач на „Капитал“, откако била објавена статија за тоа дека вознемирувал жена преку Фејсбук. Судот во Мериленд во 2015 година пресудил во корист на весникот и поранешниот новинар кој бил тужен за клевета.