Вардаровиот Стојанче Стоилов, среќен и задоволен од настапот и новиот голем успех на националната селекција, на прес конференцијата по натпреварот со Чешка кажа дека тоа беше неговиот последен за Македонија.

– Честитки до Чешка и Сабате, и благодарам на убавите зборови. Среќен сум што победивме и се пласиравме на Мундијалот. Што се однесува на репрезентативната кариера, јас после 15 години со гордост најавувам дека ја завршувам мојата репрезентативна кариера. Кире фала ти се, Жути го остави здравјето во селекцијата, затоа е мојата одлука. Не сакам да им земам минути на помладите, Пешевски заслужува повеќе шанса. Нека се случи таа смена на генерација, да се ослободат од нас постарите. Не можам здравствено да издржам цела сезона, едноставно нема одмор, телото не ми издржува, благодарам на јавноста, ми беше чест – изјави Стоилов на прес конференцијата.

Претходно, со натпреварот против Чешка, од репрезентацијата се прости и Миркуловски, а Лазаров изјави дека во иднина 90 отсто од времето ќе биде во тренерки.