По Нуредини и Бектеши до новинарите: Научете албански јазик!

/ 22.09.2020

Денешното свое обраќање на прес конференцијата, министерот Бектеши го започна своето обраќање на албански јазик. Од почит како што рече кон најголемиот етникум се обрати и на македонски. Прашан зошто пресот го почнува по обратен редослед, не како до сега – министерот за економија Бектеши со порака до новинарите – да  учат албански.

-Јазикот е за да се доближат луѓето, е важно да се разбираме и секој дополнителен јазик е додадена вредност, а тоа секако би бил и за вас како новинар, имајќи во предвид дека има и многу функционери и секако дека имате многу колеги  кои го зборуваат тој јазик. Пошто е ова втор пат што ми го поставувате истот прашање, тоа било и во првите недели откако се усвои Законот за јазиците – изјави Бектеши.

Пред неколку истата порака ја упати и министерот Нуредини.

Тој на новинарско прашање, збунето рече дека го знае македонскиот јазик, но не би било лошо и новинарите да го научат албанскиот, како што тој го учи македонскиот.

Нуредини истакна дека разбира што го прашуваат новинарите, но не сака да се обраќа на македонски, пренесува Република.

„Ве разбирам многу добро. Можам да се изразувам многу добро ако сакате да знаете. Се научив полека, нормално“, рече министерот.

Тој веќе една година и три месеци е министер.

Во врска со предметот на прес конференцијата, Бектеши истакна:

Што се однесува до проекциите на ММФ за економскиот пад јас верувам дека проекциите на Министерството за финансии ќе останат до крајот на годината. Македонија веќе е пред усвојување на четвртиот сет економски мерки, а податоците што ги добиваме од Министерството за финансии покажуваат дека првите три сетa мерки биле успешни. Ако правиме споредба со државите во регионот, посочи, мислам дека некои веќе го реализираат вториот или првиот сет економски мерки. Со стопанските комори уште еднаш ги потврдуваме нивните предлози што се прифатени од страна на Владата, како и сите предлози што се доставени и од институциите, посебно институциите од економскиот сектор. На таков начин заеднички ќе ги потврдиме мерките од четвртиот сет и сум убеден дека на почетокот на наредната недела ќе почнат и да се реализираат и ќе помогнат за заживување на стопанството, рече Бектеши.


Од истата категорија