Директорката на Тајната служба Кимберли Читл денеска поднесе оставка по широко распространетиот бес поради неуспехот на нејзината агенција да спречи обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп .

Директорката на Тајната служба Кимберли Читл денеска поднесе оставка по широко распространетиот бес поради неуспехот на нејзината агенција да спречи обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп на предизборниот митинг во Пенсилванија претходно овој месец.

Да потсетиме, Читл вчера во Конгресот призна дека таа и нејзината агенција направиле грешка кога атентаторот го ранил републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија на 13 јули.

„Направивме пропуст. Како директор на американската тајна служба, ја преземам целосната одговорност за секој безбедносен пропуст“, рече Читл во сведочењето пред Комисијата за надзор на Претставничкиот дом.