Слаб земјотрес вечерва ги вознемири жителите на Кичево и околината.

Земјотресот е со јачина од 2,5 степени и е на длабочина од 2 километра, а епицентарот е на 80 километри од Скопје и на 11 километри од кичевското село Вранештица.

Серија земјотреси денеска половина час по полноќ го потресоа и Охрид. Најсилниот потрес беше од три степени според Рихтеровата скала.