По оставката на заменик-министерот за здравство, Асим Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта.
Во ДУИ денеска докажавме дека не за 50 евра, туку и за 5 евра, а камоли за Луј Витон чанта, ќе се понесе одговорност во ДУИ и ние не сме како другите. Ги повикуваме медиумите да пријават секакви злоупотреби на функцијата и сме партнери на невладините организации и медиумите и сите институции во градење на општество во кое нема селективна правда.