Северна Кореја потврди дека во неделата ја тестирала балистичката ракета со среден дострел Хвасонг-12, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ова е првпат од 2017 година да биде лансиран проектил со таа големина. Лансирањето првпат беше пријавено од јужнокорејските и јапонските власти во неделата.
Аналитичарите и официјалните лица велат дека тестот се чини дека вклучува балистичка ракета со среден дострел (IRBM), која Северна Кореја ја нема тестирано од 2017 година кога го прекина тестирањето на своите најголеми ракети и нуклеарно оружје.
КЦНА објави дека лансирањето на ракетата било извршено за да се осигури безбедноста на соседните земји и дека пробната боева глава била опремена со камера која фотографирала за време на летот.