Откако Северна Кореја истрела две ракети со краток дострел денеска, ракетни тестови беа пријавени и од Иран и од Русија.
Иран изврши тестирање на нова ракета, објави командантот на иранската револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами.
„Нашата земја е секогаш арена за тестирање на различни одбранбени и стратешки системи и тоа се постојани движења кон раст на нашите сили за одбрана“, рече Салами, додавајќи дека петокот бил „еден од успешните денови“ за Иран.
Тој не наведе никакви детали за ракетата.
Русија денеска експериментално испука балистички ракети, интерконтинентална Синева и најновата Булава, од две подморници во Арктичкиот Океан и Баренцовото Море, како дел од борбените тренинзи, соопшти Министерството за одбрана.