Блокот 1 во РЕК Битола е вклучен утрово во 6.30 часот, откако по синоќешниот пожар беа исклучени сите блокови, а Македонија влечела струја од Европската мрежа, објави ТВ24.
Според информациите од енерегетските компании на ТВ24, блокот 3 се уште не е вклучен, а вториот блок е во ремонт, кој се очекува да заврши идната недела.
Третиот блок имал проблем со трансформаторот.
Како што објавивме, синоќа се случи пожар во РЕК Битола, во кој немаше повредени, пожарот беше изгаснат, но исклучени беа и сите блокови од електро-енергетскиот систем.
Пожарот, како што објави МИА, избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола синиоќа во 22.50 часот,информираа од АД Електрани на Македонија.
-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3). Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната. Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од АД Електрани.