Американскиот претседател Џозеф Бајден планира наскоро да разговара со францускиот претседател Емануел Макрон за решенијата за ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
– Ќе продолжиме да бидеме во многу близок контакт со нашите француски колеги во врска со можната закана од руска инвазија врз Украина, истакна Псаки.
Таа најави и дека Макрон и Бајден двапати оствариле контакт минатата недела и оти тие разговори ќе продолжат наскоро.
Оваа недела, Макрон беше првиот лидер на западна сила што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин откако Русија почна да распоредува војници во близина на Украина.