Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговарал за модернизацијата на турските вооружени сили во телефонски разговор со турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, соопшти Пентагон синоќа откако Турција објави дека ќе го поддржи членството на Шведска во НАТО.
Во октомври 2021 година, Турција изрази подготвеност да купи американски борбени авиони Ф-16 во вредност од 20 милијарди долари, како и речиси 80 комплети за модернизирање на своите борбени авиони.
– Тие дискутираа за позитивните разговори меѓу Турција, Шведска и генералниот секретар Јенс Столтенберг, како и за поддршката на Министерството за одбрана за модернизација на турските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон за телефонскиот разговор на Остин со Ѓулер.