Три лица загинаа во немилите настани по вчерашните протести ширум Колумбија, изјави колумбискиот министер за одбрана Карлос Холмес Трухиљо и тоа  во моменти кога е упатен уште еден повик за организирање протест.

Повеќе од 250.000 лица излегоа на улиците за да го изразат растечкото незадоволство од работата на владата на претседателот Иван Дуке, вклучувајќи ги и гласините за економски реформи и гнев заради тоа што владата не презема мерки против корупцијата и убиства на активисти за човекови права.

Поранешниот левичарски претседателски кандидат Густаво Петро денеска повика на „цацелорозо“ , протест на кој се чука со лонци и тави на централниот плоштад во Богота. Неговиот повик не го поддржаа синдикатите кои организираат мирен марш.

Протестот се поклопи со демонстрациите во другите латиноамарикански држави, вклучувајќи ги мирните маршеви против острите мерки за штедење во Чиле, протестите заради наводното местење на изборите во Боливија, кои доведоа до оствака на претседателот Ево Моралес, како и растот на тензиите во со криза погодената Никарагва.

Холмес Трухиљо на новинарите им кажа дека се води истрага за трите смртни случаи во покраината Вале дел Каука.

-Во последните неколку часа власта ја потврди смртта на двете лица во немиирте во Буеавнетура и на уште една во Канделарија, општини во Веле дел Каука, кажа тој додавајќи дека група луѓе имала намера да ограби трговски центар во Вива Буенавентура.

Според него, заради обидот за грабеж биле повикани силите за безбедност. Групата врз нив почнала да фрла камења и да ги напаѓа со стапови и во судирите меѓу вандалите и силите за безбедност две лица загинале