Градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски е приведен во полициска станица на информативен разговор.
Извори од истрагата информираат дека Стојановски е во полициска станица во врска со видеото што излезе во јавност на кое тој им се заканува на вработени во училиштата дека ги прислушува нивните телефонски разговори.
Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на утрешниот ден.
Денеска на социјалните мрежи и во повеќе портали беше објавена аудио-видео снимка на која се гледа и слуша како градоначалникот Стојановски, кој доаѓа од партијата СДСМ, им се заканува на вработени во училиште дека „тој доаѓа од полицијата“ и дека ги прислушкува се што зборуваат.
– Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето.