По забраните за прелети на авиони од руските авиокомпании, Фралција и САД им препорачаа на своите државјани што поскоро да ја напуштат Русија, а Аерофлот веќе откажува летови кон европските дестинации.
Француското Министерство за Европа и надворешни работи „силно им препорача“ на своите државјани во Русија да ја напуштат земјата „без одлагање“, по одлуката на Европската унија да им забрани на руските и белоруските авиокомпании од европскиот воздушен простор.
Слично ажурирање на веб-страницатаденеска „формално го обесхрабрува“ какви било патување во Белорусија. Министерството соопшти дека „повеќето европски авиокомпании, вклучително и Ер Франс“ ги суспендираа линиите кон и над Русија почнувајќи од денеска навечер поради затворањето на нејзиниот воздушен простор на ЕУ за руските авиони и авиокомпании.
Поради зголемените ограничувања, француското Министерство за надворешни работи препорача Французите „кои минуваат низ Русија (туристи, посетители, студенти, професионалци на работни патувања) да направат аранжмани да ја напуштат земјата без одлагање преку постоечките воздушни врски“.„Исто така, препорачливо е да се одложи секое патување во Русија“.
Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија со комерцијални летови, соопшти денеска Стејт департментот, наведувајќи го зголемениот број авиокомпании кои ги откажуваат летовите и земјите го затвораат својот воздушен простор за Русија по нејзината инвазија врз Украина.
„Граѓаните на САД треба веднаш да размислат за заминување од Русија преку комерцијални опции што се уште се достапни“, се вели во безбедносното предупредување од 27 февруари на веб-страницата на американската амбасада во Москва.
Тие бараат од граѓаните на САД да имаат „план за вонредни ситуации што не се потпира на помошта од американската влада“.
Руската авиокомпанија Аерофлот денеска соопшти дека ќе ги откаже сите летови до европските дестинации до понатамошно известување.
Аерофлот објави соопштение откако многу земји решија да го затворат воздушниот простор во знак на протест поради рускиот напад врз Украина. Европската унија претходно денеска одлучи целосно да го затвори воздушниот простор за руските авиони.