Почина човекот кој му ги урна плановите на Хитлер за изработка на атмоска бомба

/ 22.10.2018

Почина Норвежанецот Јоаким Ренеберг , кој мораше за својата операција да молчи цели 25 години.

На 99 годишна возраст почина Норвежанецот , кој ја направи една од најголемите саботажи во историјата и го спаси човештвото. Тој ја предводел деветчлената група во Втората светска војна , која во февруари 1943 направи диверзија на норвешката фабрика за производство на тешка вода, со што пропаднаа плановите на Хитлер за производство на атомска бомба.

,,Ренеберг беше веројатно последен преживеан од најистакнатите борци на Движењето на отпорот“, изјави норвешаката премиерка Ерна Солберг.

Во време на диверзијата тешка вода почнала да се произведува само во Рјукан на југот на Норвешка , како почеток на нуклеарната програма на нацистите.

Според акцијата на групата на Ренеберг се снимени и филмовите ,,Битка за тешка вода” и ,,Јунаците на Телемарк”. Ренеберг никогаш не сакал да зборува за настанот и дури проговорил во 70 тите години на минатиот век.

По војната тој се занимавал со новинарство и со автивоен активизам.


Од истата категорија