На 86- годишна возраст синоќа во Дебар почина Д-р Ферит Војника, прв гинеколог Албанец во Македонија.

Познат како прв албански гинеколог во Македонија, тој даде извонреден придонес во лекувањето на пациентите за време на својата работа во Косово и Македонија. Остави зад себе извонредно човечко и професионално наследство. Тој ги заврши своите студии и специјализации во Скопје и Белград, додека еден период работеше и во Ѓаковица, за да потоа се врати во своето родно место, Дебар.

Тој беше и меѓу првите интелектуалци во Дебар кои дадоа придонес во политичката организација во градот. Во првите години на плурализмот, тој во два мандата беше член на Советот на Општина Дебар.

Беше позната спортска личност, како дел од екипата на дебарскиот фудбалски клуб „Кораб“. Автор е на книгата „Дебар низ мостовите на времето“.

Погребан е денеска попладне на градските муслмански гробишта во Дебар.