Медицинско лице од Македонија ја изгуби битката со вирусот Ковид 19. На 61-годишна возраст почина докторката Билјана Ичева.

Таа беше вработена во Негорските минерални Бањи. Била хоспитализирана на Клиниката за инфективни и фебрилни болести, но не успеала да се избори со вирусот.

Нејзиниот сопруг, д-р Божин Ичев, кој исто така е заразен, сѐ уште се лекува на инфективната клиника во Скопје.

Докторката Ичева беше специјалист физиотерапевт, а заврши Медицински Факултет во Скопје. Зад себе остави две деца.