Денеска, во шеесет и петатта година од животот во с. Леска, Мала Преспа почина Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборници за правата на Македонците во Албанија, кој целиот свој живот живееше и твореше во селото Леска, Мала Преспа.
Спасе Мазенковски роден е во 1953 година во селото Леска, Мала Преспа. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, основач и главен уредник на весникот „Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година.
Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, раскази и репортажи „Преспа моја”, „Разбојна китка”, „Торбулето на татко ми”. „Историја на македонскиот народ во Албанија” е објавена и на албански јазик. Беше член на друштвото на писатели на Македонија и на друштвото на писатели „Новиот свет” во Албанија.
Погребот ќе биди денеска во 13.00 часот на селските гробишта во с.Леска, Мала Преспа.