Писателката Исидора Бјелица починала денеска во Белград во 52 година од животот, потврдила Издавачката куќа Лагуна.
Родена е во Сараево на 10 декември 1967 година каде завршила и гимназија, а потоа дипломирала и магистрирала на Факултетот за драмски уметности во Белград (отсек драматургија).
Била во брак со Небојша Пајкиќ со кого имала две деца, Лав Григориј и Вила Евангелина.
Автор е на повеќе од 40 книги, а пишувала и драмски текстови.
Долги години водеше битка со ракот.
Нејзината последна објава на ФБ во јуни гласеше:
„Не сакав да ве заморувам, мислев дека можам сама. Но, ова се така страшни физички и психички маки, што ќе ве замолам да го молите драгиот Исус да ми прости и да заврши оваа агонија. Се што беше во моја моќ се обидов, но за што? За ништо. Сигурно за само што повеќе и повеќе болка. За жал, изолацијата ми дојде преку глава за мојата примарна болест. Простете. Господе Исусе Христе, помилувај ме мене грешна“.