Актерот Џон Шалис почина на 79-годишна возраст, пренесува Мирор. Џон беше познат по улогата на Бојси во популарната серија Only fools and horses.

Џон починал мирно во сон по долгата борба со ракот, потврдило неговото семејство.

“Нашиот драг пријател, но и вашиот, Џон Шалис, почина мирно во сон по долгата борба со ракот. Тој секогаш ќе биде сакан поради улогата на Бојси. Остави големо наследство со својата работа што ќе продолжи да носи задоволство и смеа уште многу години. Ве молиме, почитувајте ја приватноста на семејството и пријателите на Џон во овие тешки времиња и бидете уверени дека ќе има можности да го прославите неговиот живот“, соопштило неговото семејството.